Македонската женска кошаркарска репрезентација во комплетен состав тренираше пред двата завршни натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство, против Босна и Херцеговина и Белгија.
На составот предводен од селекторот Александар Ашаданов се приклучи ударното трио предводено од капитенот на националниот тим, Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, како и Тијана Митрева и Милица Николиќ.
Македонските кошаркарки в четврток во Сараево и гостуваат на БиХ, а последниот натпревар од евроквалификациската група А ќе го одиграат в недела во Скопје против Белгија.
На табелата водат Белгија и Германија со три победи и еден пораз, пред БиХ (2-2) и Македонија (0-4).