четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските судии дел од завршниот турнир на БИБЛ лигата

Македонските судии дел од завршниот турнир на БИБЛ лигата

Македонија имаше свои претставници и на двата најважни натпревари во Балканската кошаркарска лига  и мечот кој го даде новиот шампион во ова натпреваруавње, но и дуелот за тоа кој ќе го освои третото место.

Алија Феревски ја доби честа заедно со своите колеги Диамантис Лордос (Грција) и Сава Цветковиќ од Црна Гора да го суди големото финале од во Стара Загора, во кое израелскиот Хапоел Бер Шева го надигра косовскиот Пеќ со 99-95.

Натпреварот за третото место меѓу Берое и Милениум, кој „зелените“ од Берое го добија со 100-87, го судеше вториот наш судија со знакот на ФИБА, Александар Павлов, заедно со Јоанис Аграфиотис (Грција) и Стефан Кубуровиќ (Црна Гора).