вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Марк Џексон еден од кандидатите за тренер во ЛА Лејкерс

Марк Џексон еден од кандидатите за тренер во ЛА Лејкерс

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во следната сезона ќе влезе со нов тренер, откако Франк Вогел заработи отказ. „Езерџиите“ и покрај тоа што во тимот имаат ѕвезди како Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, не успеаја да изборат место во плеј-офот.

Клубот од Калифорнија бара алтернатива за следната сезона, а една од опциите е човек кој со години работи како коментатор и аналитичар на НБА натпреварите. Се работи за Марк Џексон, поранешна ѕвезда на Њујорк Никс, како и тренер на Голден Стејт Вориорс.

57-годишниот поранешен плејмејкер беше одличен на својата позиција пласиран е петти на вечната листа со 10,334 асистенции, а заврши и добра работа како тренер на „воините“ од 2011 до 2014 година. Потоа се посвети на коментирањето и медиумите, меѓутоа сега е повикан на интервју за тренерското столче во Лејкерси.