Македонскиот кошаркар, Марко Симоновски својата кариера ќе ја продолжи во Иран и ќе заигра за екипата Кузестан.
32-годишникот кој од 2020 година настапуваше во таборот на Кожув, се реши за трансфер надвор од Македонија првпат по 12 години. Иако имаше понуди да остане во земјава, Симоновски беше примамен со одлична финансиска понуда од иранскиот тим. Симоновски ќе се натпреварува во Суперлигата на Иран и ќе ги брани боите на Кузестан.