недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Марвин Џонс потпиша за Будуќност

Марвин Џонс потпиша за Будуќност

Марвин Џонс, поранешниот центар на Хапоел Холон, е нов кошаркар на Будуќност Воли, соопшти клубот од Подгорица.

„Тој е искусен кошаркар кој има широк спектар на офанзивни решенија, бидејќи одлично завршува во обрачот, но и погодува од полудалечина. Освен тоа, не му е непознат шутот за три поени, што дава простор за ширина во нападот“, напиша Будуќност во описот на карактеристики на новајлијата.

Во претходната сезона 213-сантиметри високиот Џонс имаше просек од 9,9 поени и 6,6 скока по натпревар, а во Хапоел играше со Ерик Грин, кој минатата сезона го носеше дресот на „сините“.

Покрај Хапоел, момчето од Чикаго ги носеше и дресовите на Леонес (Порторико), грчките клубови ПАОК, Перистери, Промитеас, а има искуство и во АБА лигата, играјќи за Крка и Олимпија.