понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Маслинко: Мора да одиме на победа, тоа е најважно

Маслинко: Мора да одиме на победа, тоа е најважно

Само неколку дена по освојувањето на кошаркарскиот Куп со ТФТ Скопје, Андреј Маслинко ќе настапи и за репрезентацијата на Македонија.

„Мора да одиме на победа, тоа е најважно. Ќе дадеме сè од себе да поминеме понатаму. Ростерот е таков каков што е, мора да се игра со тие кои сме тука. Не сакам да зборувам пред време. Грузијците со сигурност нема да се предадат, и тие ќе играат за триумф како нас. Победи би ни значеле, во Украина ја испуштивме откако долго водевме и навистина ни се потребни позитивни резултати“, изјави Маслинко.

Првата пресметка меѓу Грузија и Македонија ќе се одигра в четврток од 16:00 часот во Тбилиси, а веќе в недела е закажан возвратниот дуел во Скопје.