вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Мекиќ и наредната сезона во Задар

Мекиќ и наредната сезона во Задар

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ, екс-кошаркар на МЗТ Скопје ќе продолжи да игра за хрватски Задар и во новата сезона, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со овој клуб.

Мекиќ во Задар дојде во март годинава, а имаше забележителна улога во освојувањето на шампионската титула во Хрватска.

„Среќен сум што останувам во Задар и што ќе продолжам да соработувам со тренерот Даниел Јусуп и со најголем дел од играчите со кои ја делевме соблекувалната во минатата сезона. Нема такви пари кои може да ја заменат радоста за освојувањето на титулата и возбуден сум што пак ќе играм пред задарската публика. Иако во Задар сум два ипол месеци, многу се врзав за градот, за луѓето, за клубот“, рече Мекиќ.