Екипата на Мемфис Гризлис немаше совршен старт на новата НБА сезона. Екипата од западната конференција досега забележа три порази, а управата сака дополнително да го засиоли тимот во играта под обрачите.
Американските медиуми пишуваат дека изборот паднал на центарот Бизмак Бијомбо, кој минатата сезона прикажа солидни партии за Феникс Санс.
Неговиот договор со „сонцата“ истече и тој остана без ангажман, но сепак, наскоро се очекува да биде нов играч на Гризлис.
31-годишниот минатата сезона имаше учинок од 5,1 поен, и 5,9 скокови, а доколку добие поголема минутажа во Мемфис, овие бројки сигурно би пораснале и тој би можел да има солиден учинок во новиот тим.