Лос Анѓелес Лејкерс постојано се обидува да се ослободи од Расел Вестбрук и неговата висока плата. Првите обиди да го испрати на друго место не беа успешни, па сега славната франшиза ќе се обиде да го направи тоа со помош на две други екипи.
Се споменува негово заминување во Јута Џез. Тимот од Солт Лејк Сити би го испратил Донован Мичел во Њујорк, а неколку имиња (Богдан Богдановиќ, Џордан Кларксон, Патрик Беверли, Малик Бизли) би завршиле во тимот од Калифорнија.
Управата на Лејкерси прави сè во својата моќ да го задоволи Леброн Џејмс, кој посакува конкурентен тим за нова шампионска титула. Очигледно е дека тој, Вестбрук и Ентони Дејвис не можат да бидат дел од победничка екипа.