недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Мициќ со звукот на сирената – Анадолу Ефес во финалето на Ф4

Мициќ со звукот на сирената – Анадолу Ефес во финалето на Ф4

Анадолу Ефес ќе ја брани европската круна во финалето од Евролигата откако турскиот гигант славеше на првото полуфинале на Ф4 турнирот во Белград, над Олимпијакос со 77-74.

Супердраматичниот дуел го реши ланскиот МВП, Србинот Василије Мициќ, кој ја погоди клучната тројка со звукот на сирената, за огромна радост на турскиот клуб и разочарување на грчките навивачи кои создадоа фанатична атмосфера во салата во Белград.

Шејн Ларкин беше најефикасен кај Анадолу Ефес со 21 поен, Елајџа Брајант постигна 16, додека херојот Мициќ го заврши ова полуфинале со 15 поени зад своето име.

Мекисик со 12 поени беше прв стрелец на Олимпијакос,  во чии редови тотално разочара Везенков, со само пет постигнати поени и шут од поле 2/10.