Кошаркарите на Олимпија Милано ја добија „мајсторката“ против Баерн со 92:89 и со вкупен резултат од 3-2 се пласираа на Ф4 турнирот во Евролигата кој оваа година ќе се одржи во Келн.
Избраниците на тренерот Еторе Месина не дозволија Баерн Минхен да станат првиот тим во историјата кој се вратил од негатива од 0-2 во серијата.
Шилдс со 34 и Дилејни со 16 поени го предводеа Милано во оваа победа, додека најефикасен кај Баерн Минхен беше Рејнолдс со 19 поени.