Последните денови имаше спротивставени информации за договорот меѓу Милош Теодосиќ и Црвена Звезда, а „Кориере дело Спорт“ тврдеше дека иако имало преговори, истите биле прекинати и трансферот пропаднал.
Сепак, српските медиуми пренесоа дека Теодосиќ ќе биде трето засилување летово за црвено-белите и недостасува само официјална потврда на евролигашот.
Искусниот плејмејкер ќе биде големо засилување за Звезда, а бил задоволен од преговорите со раководството и плановите на тренерот Душко Ивановиќ.
Пред Теодосиќ, за белградскиот состав потпишаа и Дејан Давидовац и Марко Симоновиќ, па Црвена Звезда најавува дека планира да има квалитетен состав со кој ќе настапува и во Евролигата.
Теодосиќ досега беше член на Виртуз Болоња, а во Европа претходно настапуваше и за ЦСКА Москва, Олимпијакос и ФМП.