среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Миловановиќ и Стајиќ нема да патуваат за Данска

Миловановиќ и Стајиќ нема да патуваат за Данска

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Данска, а по неговото завршување, селекторот Александар Јончевски го објави конечниот список на кошаркари на кои смета за првиот меч од претквалификациите за Европското првенство вок 2025 година.

Од комбинација отпаднаа Марко Миловановиќ и Бобан Стајиќ, првиот поради тренерска одлука, а вториот поради повреда. Ниеден од нив не е отпишан и можно е да бидат во комбинација за дуелот против Словачка в недела во Скопје.

Дебитант во националниот тим ќе биде Димитар Пандев кој минатите сезони настапуваше во НЦАА, а е поранешен младинскиј репрезентативец на Македонија. Иако нов во репрезентацијата, тој треба да биде од голема помош под кошевите каде Јончевски ги има Бојан Крстевски и Теодор Симиќ.

За Данска, утре во 10 часот, патуваат: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и Димитар Пандев.