вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Милвоки Бакс потпиша уште еден Адетокумбо

Милвоки Бакс потпиша уште еден Адетокумбо

Милвоки Бакс се засили со Алекс Адетокумбо, кој им се приклучува на повозрасните браќа Танасис и Јанис.

Алекс потпишал едногодишен договор, откако минатата сезона играше за Висконсин Херд и во просек постигнуваше по 5,8 поени и три скокови по меч.

Главна ѕвезда во тимот е Јанис Адетокумбо, додека неговиот брат Танасис не добива често шанса. Овие тројца имаат уште еден брат, Костас кој следната сезона ќе игра за Панатинаикос.