Кошаркарот на Портланд Демјен Лилард би можел да ја продолжи кариерата во Милвоки.
Шпекулациите за неговиот трејд продолжуваат, а она што секој ден станува се појасно е дека Лилард е се подалеку од Мајами.
Тимот од Флорида во еден момент беше единствената опција за искусниот плејмејкер, но засега на адресата на Портланд не пристигнала задоволителна понуда.
Според инсајдерот во НБА, Марк Спирс, Мајами го пунидил Тајлер Хиро и два идни пика во првата рунда на драфтот, што е премалку за играч од калибарот на Лилард. Тоа отвори простор за други тимови, а меѓу нив се и Бакс.
„Блејзерси продолжуваат да разговараат со други тимови. Слушнав од Чикаго, Милвоки, па дури и Филаделфија“, рече Спирс.