среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Минесота го отпушти тренерот по победата над Лејкерси

Минесота го отпушти тренерот по победата над Лејкерси

Минесота запиша една од најубедливите победи во сезоната по успехот над Лос Анџелес Лејкерс со 108:86 во средба од НБА лигата.

Ендрју Вигинс реализира 28 поени, 25 од кои во првото полувреме, а Карл Ентони Таунс заврши со дабл-дабл – 28 поени и 18 скока за успехот на Минесота.

И покрај победата, тренерот на Минесота, Том Тибодо беше отпуштен по средбата и привремено тимот ќе биде предводен од помошникот Рајан Саундерс.

За Лејкерси се истакна Ланс Стивенсон, кој постигна 14 поени и додаде 6 асистенции.

Л.А. Лејкерс губи петти натпревар од последните шест, откако игра без Леброн Џејмс, кој се повреди во пресрет на Божиќ во победата над Голден Стејт.

Резултати од НБА:

Чикаго – Бруклин 100:117
Лос Анџелес Клиперс – Орландо 106:96
Минесота – Лос Анџелес Лејкерс 108:86
Атланта – Мајами 106:82
Оклахома Сити – Вашингтон 98:116
Торонто – Индијана 121:105
Феникс – Шарлот 113:119

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантик дивизија: Торонто 30 победи / 12 поразии, Филаделфија 26/14, Бостон 23/15
Централна дивизија: Милвоки 27/11, Индијана 26/13, Детроит 17/20
Југоисточна дивизија: Мајами 19/19, Шарлот 18/20, Орландо 17/22

Западната конференција:

Северозападна дивизија: Денвер 26/11, Оклахома 25/14, Портланд 23/17
Пацифик дивизија: Голден Стејт 26/14, Лос Анџелес Клиперс 23/16, Лос Анџелес Лејкерс 21/19
Југозападна дивизија: Хјустон 22/16, Сан Антонио 23/17, Мемфис 18/21