Руди Гобер ќе добие суспензија од еден натпревар и нема да отпатува со тимот за дуелот со ЛА Лејкерс поради ударот со бокс кон соиграчот Кајл Андерсон, пренесува доброупатниот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Причината за малата суспензија е почетокот на плеј-инот и важните натпревари кои следат за изборување на место во плеј-офот.
„Емоциите ме надвладаа. Не требаше да реагирам така без обѕир на тоа што е кажано. Се извинувам на навивачите, клубот и посебно на Кајл кого многу го сакам и почитувам како соиграч“, напиша Гобер.