среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Митровиќ: Гечевски можеше да игра во НБА-лигата, но ги сакаше цигарите и риболовот…

Митровиќ: Гечевски можеше да игра во НБА-лигата, но ги сакаше цигарите и риболовот…

Српскиот кошаркар Аљоша Митровиќ краток период од кариерата мина во дресот на Работнички, а во интервју за медиумите во татковината го издвои Тодор Гечевски, долгогодишниот македонски репрезентативец како најдобар соиграч со кого има настапувано.

Според Митровиќ, кавадаречкиот центар имал квалитети за да настапува и во НБА-лигата, но не го достигнал потенцијалот бидејќи не тренирал премногу напорно.

-Во Работнички бев во 2015 година и можам да кажам дека во овој тим играа големи кошаркарски мајстори. Имав можност да играм со Тодор Гечевски, кој за мене е најголемиот мајстор на сите времиња. Ако тренираше напорно, тој сигурно ќе стигнеше и во НБА-лигата. Но, Гечевски сакаше да запали цигара или да си оди во Кавадарци на риболов, таму му беше најубаво, вели Митровиќ, пренесе ЕКИПА.