четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МКФ предлага до четворица странци во клубовите и тројца Македонци на терен

МКФ предлага до четворица странци во клубовите и тројца Македонци на терен

На денешната последна дебата меѓу Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и претставниците на седум прволигашки клубови бил изнесен предлогот од страна на МКФ за намалување на бројот на странците за следните сезони со цел да се подобри квалитетот на македонските кошаркари и да добијат поголема минутажата во клубовите.

По неколку мали модификации финалниот предлог кој МКФ ќе го достави кон дописното Собрание ќе гласи:

За сезоната 2018/2019 бројот на странци се намалува на четворица со задолжителен број на тројца Македонци во игра до Супер лигата и двајца во понатамошниот тек на првенството (Супер лига и плејоф и плејаут).

За сезоната 2019/2020, четворица странци во екипа и тројца Македонци во игра до полуфиналната серија од плејофот.

Од наредната сезона 2020/2021, четворица странци со тројца Македонци во игра во текот на целото првенство.

Раководството на МКФ наведува дека ова е само една од мерките, што планира да ги преземе во иднина за зголемување на квалитетот на македонските кошаркари и давање поголема доверба и минутажа од клубовите.

МИА