Францускиот кошаркар Адриен Моерман кариерата ќе ја продолжи во Зенит, потврди клубот од Санкт Петербург.
Двократниот освојувач на Евролигата со Анадолу Ефес, потпиша договор до крајот на сезоната. Она што е интересно е дека од почетокот на конфликтот во Украина, Кошаркарската федерација на Франција им забрани на своите играчи да потпишуваат за руските клубови по цена да го загубат местото во националниот тим.
Моерман неодамна го напушти Монако, а на негово место е доведен Чиму Монеке.