Литванскиот кошаркар Донатас Монтејунас и следната сезона ќе го носи дресот на францускиот евролигаш, Монако. Оваа информација ја потврди и клубот на својата официјална страница.
32-годишниот Монтејунас потпиша едногодишен договор и ќе се задржи во тимот предводен од српскиот тренер Саша Обрадовиќ.
Монако вчера го објави и бомбастичниот трансфер на Кемба Вокер од Далас Маверикс, па овие денови веројатно се навистина убави за навивачите на францускиот тим.
Минатата сезона Монтејунас просечно играше по 19,2 минути во Евролигата и забележа солиден учинок од 9,2 поени и 4,5 скокови.
За високиот Литванец ова ќе биде трета сезона во Монако. Францускиот тим минатата сезона за првпат се пласираше на завршниот турнир во Евролигата, а се чини дека амбициите за следната кампања се уште повисоки.