четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Морант има едно од најдобрите забивања во историјата на НБА (ВИДЕО)

Морант има едно од најдобрите забивања во историјата на НБА (ВИДЕО)

Освен тоа што во последните секунди постигна кош за победа на Мемфис против Минесота, Џа Морант ќе остане запаметен по неговото забивање на крајот на третата четвртина.

Морант тргна кон противничкиот кош и преку ривалот успеа да постигне важни поени за неговата екипа.

Талентираниот кошаркар беше јунак на Мемфис, кој сега води со 3-2 во серијата, затоа што покрај забивањето имаше вкупно 30 постигнати поени, 11 скокови и девет асистенции.