Поразот од Сплит го вклучи алармо во редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Клупските челници решија да се разделат со тренерот Александар Петровиќ.
МЗТ има лош скор во АБА лигата, победи два пати во 12 натпревари. Победите македонскиот шампион ги забележа против СЦ Дерби и Мега. Петровиќ доби отказ бидејќи загуби на домашен терен од директните конкуренти во борбата за опстанок, Борац и Сплит. Во домашниот шампионат МЗТ забележа девет победи во првите 10 натпревари.
„На Петровиќ му благодариме за сѐ што направи на клупата на нашиот клуб и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Потрагата по неговата замена веќе е почната, а со оглед на обрските кои нѐ очекуваат во домашна и регионална сцена, веруваме дека името на новиот тренер ќе можеме набрзо да го објавиме“, стои во клупското соопштение.
Наследникот на Петровиќ ќе дојде од Србија. Во конкуренција се двајца тренери Ненад Трајковиќ и темпераментниот Драган Николиќ. Николиќ е поранешен тренер на Карпош Соколи, со оваа екипа играше во финалето од плеј-офот во домашното првенство.
Трајковиќ е искусен тренер, кој работеше во Студентски центар. Со овој клуб се раздели во 2021 година. Работел како асистент во познати европски и НБА клубови: Патизан, Реал, Кливленд, Феникс.