среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ и се израдува на прва АБА победа

МЗТ и се израдува на прва АБА победа

По стартните порази од Црвена Звезда, Партизан и Будуќност, МЗТ оваа вечер  го победи Студентски Центар во Аеродром, и на тој начин стигна до првата победа по кам-бекот во елитното друштво.

Подобро отворање на мечот имаа гостите и со серија од 7:0 стигнаа до предност од 18:11, но МЗТ не дозволи одлепување на семафорот и до крајот на првиот дел успеа да дојде до минимална предност од 47:46.

Стартот на второто полувреме донесе доминација на македонскиот претставник и тоа резултираше со позитива од над десет поени, а двоцифрената предност МЗТ не ја испутши до крајот и стигна до комотен триумф на „студентите“ од 92:79.

Ова е прва победа за МЗТ во првата АБА лига по пауза од четири години, а најзаслужни за истата беа Кафи со 22 и Стојановски со 14 поени.