Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија во АБА-2, откако вчеравечер како гости го совладаа тимот на Спарс со 70-71 (42-27).
„Металците“ одиграа одлично второ полувреме во кое на стартот имаа негатива од -17 поени, но на крајот успеаја да дојдат до посакуваната победа.
Лестер Медфорд беше јунакот на вечерта со кош на една секунда до крајот за целосен резултатски пресврт и голема победа на македонскиот претставник во регионалната кошаркарска лига.
Кај нашиот тим, освен јунакот Медфорд, Симоновски и Иванов постигнаа по 13 поени, додека Самарџиски средбата ја заврши со 12 поени и 11 скока.
Реванш-средбата е закажана за в недела во „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот. (МИА)