МЗТ Скопје полека го комплетира ростерот за новата сезона, откако денеска договори соработка со еден од најталентираните македонски кошаркари, Андреј Андоноски (20 год, 203 см), кој потпиша тригодишен договор со актуелниот шампион.
Станува збор за крилен центар, кој веќе има пет средби одиграни за најсилниот состав на жолто-црвената селекција.
Претходно беше еден од лидерите на кадетската, јуниорската и на младинската репрезентација, со која летово настапи на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.