понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром пред исклучително важен натпревар во АБА лигата

МЗТ Скопје Аеродром пред исклучително важен натпревар во АБА лигата

Пред МЗТ Скопје Аеродром е исклучително важен меч на домашен терен (сабота) против Борац Чачак кој дефинитивно може да се нарече и натпревар на сезоната со оглед што е пресметка со директен ривал за опстанок во АБА-лигата.

Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, мотивираноста кај кошаркарите е максимална, а за остварување на целта на МЗТ ќе му биде потребна и голема поддршка од нашиот шести играч на трибините – навивачите во СЦ „Јане Сандански“.

Билетите за овој меч се веќе во продажба и тоа со цена од по 150 денари за блоковите 5, 6, А2, А3 и А6, додека за сите останати места во салата таа изнесува по 100 денари.

Влезници може да се купат онлајн на www.karti.com.mk и www.mktickets.mk , преку продажните места на МК Тикетс, како и на билетарницата пред арената во населба Аеродром на денот на натпреварот.