Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со триумф од 83-69 ја отвори серијата против Кожув во четврфиналето на првенствениот плеј-оф.
Браќата Стојановски одново покажаа дека се „алфа и омега“ во МЗТ, па Војдан со 29 и Дамјан со 21 поени го водеа тимот до победата. Кај Кожув се истакна американскиот ас Гордон кој заврши со 21 поен.