вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје го продолжи договорот со Дамјан Стојановски

МЗТ Скопје го продолжи договорот со Дамјан Стојановски

Легендата на македонската кошарка Дамјан Стојановски го продолжи договорот со МЗТ Скопје на уште една сезона.

Таа ќе биде десетта за него во тимот со кој освои седум и ќе атакува на осмата шампионска титула. Стојановски е осми кошаркар од составот кој триумфираше последната сезона што останува во клубот (заедно со Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Бре Ајви, Марко Спасовски, Димитар Иванов и Бојан Величковски), а прв кој го продолжува договорот од оние на кои им истекува.