Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром и екипата на Феникс се првите два тима што обезбедија пламсна во полуфиналето на 30-тото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“.
Аеродромци ја оправдаа улогата на фаворити во четвртфиналната пресметка славеа победа над гевгелиски Кожув.
Победата МЗТ ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 10 разлика, а на полувремето замина со +16 (49-33). Второто полувреме беше чиста рутина па МЗТ на крај славеше со 80-68. Кај победникот Дамјан Стојановски и Џастин Вер постигнаа по 19 поени.
МЗТ Скопје сега ќе го чека последниот четвртфинален меч меѓу бранителот на трофејот ТФТ Моцарт и Работнички што ќе се игра во терминот од 19:30 часот, за да го добие противникот за удреното полуфинале.
Далеку по неизвесен беше вториот четвртфинален дуел, во кој победникот беше решен во последните секунди, а поуспешна беше екипата на Феникс која го победи Гостивар со 72-70