вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје и Кожув го отвораат завршниот турнир од Купот на Македонија

МЗТ Скопје и Кожув го отвораат завршниот турнир од Купот на Македонија

Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор, го одреди распоредот на натпревари на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ што ќе се одржи од 16 до 18 февруари во Скопје.

Честа да го отворат турнирот ја добија МЗТ Скопје и Кожув чиј дуел е на програмата на 16 февруари од 12 часот. Интересно е тоа што мечот меѓу Работнички и ТФТ чиј победник во полуфиналето се среќава со подобриот од пресметката на МЗТ Скопје и Кожув, ќе се игра последен, од 19:30 часот.

Во женска конкуренција, натпреварите се на 17 февруари, од 12 и од 14:30 часот. Истиот ден се играат полуфиналните натпревари кај мажите, а дуелите за пехарите се на 18 февруари, жените од 16:30, а мажите од 19:30 часот.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2023 – СКОПЈЕ
16 ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (1)
14.30: Гостивар – Феникс 2010 (2)
17.00: Пелистер – Еуро Никел 2005 (3)
19.30: Работнички – ТФТ (4)

17 ФЕВРУАРИ (ПЕТОК)
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
12.00: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011
14.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3

18 ФЕВРУАРИ (САБОТА)
16.30: ФИНАЛЕ – ЖЕНИ
19.30: ФИНАЛЕ – МАЖИ