сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје ја освои Гевгелија за полуфинале, ТФТ и Феникс ќе играат „мајсторки“

МЗТ Скопје ја освои Гевгелија за полуфинале, ТФТ и Феникс ќе играат „мајсторки“

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја добија и втората пресметка со Кожув и на тој начин обезбедија пласман во полуфиналето на плејофот во најсилниот домашен шампионат.

Бранителот на трофејот славеше во Гевгелија со 95-81 и тоа во дуел во кој блескаа македонските репрезентативци Крстевски и Стојановски кои заедно искомбинираа 48 поени. Двоцифрен учинок имаше Дамјан (13) и Кук (12), додека кај Кожув стандардно најефикасен беше Гордон со 21 кош.

„Мајсторки“ пак ќе гледаме на битките Еуро Никел-ТФТ и Феникс 2010-Пелистер. Клубот од Тафталиџе го врати брејкот, славеше во Кавадарци со 76-72 со што си обезбеди уште еден меч во серијата и тоа на домашен паркет.

Феникс пак го изненади Пелистер и без улугите на ветеранот Трајковски. Скопската екипа триумфираше со 83-81 по шо сега ќе се игра одлучувачка трета пресметка во Битола.