Разликата во квалитет помеѓу двата тима беше очигледна, поради што гостите од Гевгелија беа рамноправен противник само во дел од првата четвртина.
Сино-белите до клучната предност дојдоа со серија 18-3 кон крајот на воведниот и во вториот период, со која првпат обезбедија двоцифрена предност (31-19), која умешно ја задржаа до самиот крај. Работите беа решени на стартот од последните десет минути, која „металците“ имаа највисоки плус 22 (71-49).
Избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ одиграа тимски, што се виде од фактот што поени постигнаа дури деветмина, а дури шест од нив имаа двоцифрен поентерски ефект.
Најпрецизен беше Хуан Дејвис со 14 поени, зад него беа Дастин Вер и Дамјан Стојановски со по 12 поени и со девет асистенции односно пет скока зад своите имиња. Кирил Николовски беше убедливо најефикасен кај Кожув со 29 поени.
Ова беше прв меч од 2. коло од Првата лига, кој МЗТ го одигра порано поради настапот на првиот турнир од АБА2, кој ќе се игра на почетокот на следната недела на Златибор.