сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје обезбеден пласманот во плеј-офот на АБА 2 по победата против Горица

МЗТ Скопје обезбеден пласманот во плеј-офот на АБА 2 по победата против Горица

Кошаркарите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром славеа важна победа на денешниот натпревар против Горица одигран во Златибор во рамките на АБА 2 лигата.

Аеродромци во тесен и неизвесен натпревар победија со 77:73 во натпревар кој влезе во „пенал завршница“ и во кој подобро се снајдоа кошаркарите предводени од  Дарко Радуловиќ.

Адем Мекиќ беше најефикасен во таборот на МЗТ Скопје со 16 постигнати поени, два помалку постигна

Бојан Крстевски кој ги постигна и клучните пет поени во завршницата од натпреварот со кои „штрковите“ се одлепија на солидна предност. 13 поени додаде Тарнер, а на десет застана Дамјан Стојановски.