МЗТ Скопје претрпе нов пораз во АБА лигата, овојпат тимот од Аеродром на свој терен, во салата „Јане Сандански“ загуби од Морнар со 94-77.
МЗТ Скопје одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 27-22, а и на одморот замина со позитива, нашиот тим водеше против Морнар со 47-44.
Но, следуваше голем пад во третиот период во кој македонскиот тим постигна само 10 поени, Морнар го презема водството, ги доби и последните десет минути и на крајот славеше со убедливи 94-77.
Најдобар во составот на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски кој постигна 22 поени, Кефи реализираше 14, а Војдан Стојановски 13. Кај победничкиот тим, Михајловиќ постигна 25 поени, Расел 22.
По шест одиграни натпревари МЗТ Скопје има една победа и пет порази. Во следното коло кое се игра на 18. ноември, Аеродромци му гостуваат на ФМП.