сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје пласманот во АБА лигата ќе го брка преку Подгорица

МЗТ Скопје пласманот во АБА лигата ќе го брка преку Подгорица

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ќе се бори за влез во најквалитетната АБА-лига, а „балонот“  каде тимовите ќе разигруваат ќе се игра во Подгорица.

Последниот турнир ќе се одигра во периодот од 19 до 26 април, на кој осумте екипи-четвртфиналисти ќе се борат за првите две позиции кои водат во елитната јадранска конкуренција.

Според распоредот МЗТ својот прв натпревар ќе го игра на 20 април, а противник ќе биде српскиот тим на Младост Земун.

Скопски Работнички требаше да игра за опстанок во плеј-аутот со словенечки Хелиос, но натпреварите се откажани поради пандемијата со коронавирусот.

Од Јадранската лига информираат дека сите екипи кои настапувале во АБА2 во сезоната 2020/2021 ќе имаат право на учество во сезоната 2021/2022 доколку тоа го стекнат преку националниот шмпионат или со доделување на специјална покана.