петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје поразен од Борац во АБА лигата

МЗТ Скопје поразен од Борац во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа најтешкиот пораз сезонава во АБА-лигата, откако вечерва, на домашен терен, загуби во пресметката со Борац Чачак (73-81), директниот ривал за избегнување на последното место кое води во понизок ранг.

Страхиња Миќовиќ со 14 и Дамјан Стојановски со 13 поени беа најпрецизни кај „металците“, додека Американецот Хантер Хејл со 20 поени беше убедливо најдобар во победничкиот тим.

МЗТ Скопје сега е на делба на последното место на табелата во АБА со вечерашниот ривал со скор 2-7, во очекување на мечот помеѓу Сплит и Мега МИС во кој домашниот тим би можел да им се одлепи и да дојде до третиот триумф. Следен противник за сино-белата чета е Задар, кому ќе му гостуваат веќе в петок.