четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје поведе со 2-0 во победи против Еуро Никел

МЗТ Скопје поведе со 2-0 во победи против Еуро Никел

МЗТ Скопје Аеродром води со 2:0 во победи во финалето од плејофот во домашнотокошаркарско  првенство, откако вечерва го победи Еуроникел со 95:91 во Гевгелија.

Бојан Крстевски повторно одигра одличен меч за скопјани и со 22 поени ги предводеше до нова победа. Магдевски уфрли 20 поени, а Гравет даде 15 поени.

Најефикасен на мечот беше Роберт Рикиќ кој постигна 31 поен, но клупата на Еуроникел немаше расположени поединци, па поразот беше неминовен.

МЗТ Скопје е домаќин на третиот меч, ќе се игра од 16 часот во недела и ако аеродромци победат ќе ја освојат титулата.