Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа над Феникс 2010 во средбата која вечерва се одигра во СЦ „Јане Сандански“.
Актуелниот шампион мораше добро да се испоти и преку силна последна четвртина (23-14) избори триумф од 87-74 со кој му се реваншираше на ривалот за поразот од првиот дел од сезоната, а воедно ја потврди и позицијата број два пред последното коло од оваа фаза.
Дејвис уфрли 19 поени, браќата Стојановски пак искомбинираа 37 кошеви. Кај Феникс триото Морган-Вилијамс-Трајковски уфрли 55 од крајните 74 поени.
Работнички пак 30 минути беше рамноправен противник на Еуро Никел (58-61), но завршниот период го одигра катастрофално на двете страни на теренот (10-26) и на крајот претрпе тежок пораз од 87-68.
Ѓекиќ реализираше 18.поени за екипата од Кавадарци, Дубински имаше 16. Соколов 12, а Томиќ уште 10.поени. Кај Работнички, екипа која сега е на ефект (9-12), Едвин уфрли 18, додека Балмазовиќ 16 поени.
На останатите две средби Кожув беше подобар од Ангели со резултат 76-72, Куманово пак го доби вториот состав на МЗТ Скопје со 70-62.