четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје се засили со српски кошаркар кој има големо искуство од АБА-лигата

МЗТ Скопје се засили со српски кошаркар кој има големо искуство од АБА-лигата

Српскиот кошаркар Страхиња Миќовиќ (30 год, 205 см) од денеска е нов кошаркар на МЗТ Скопје.

Станува збор за крилен центар со повеќе од солидно искуство во регионалното натпреварување настапувајќи за екипите на Игокеа (2016/17) и за Морнар (2017-2019 и 2021/22), од каде што доаѓа во Аеродром.

За тимот од Бар минатата сезона одигра 38 средби во сите натпреварувања од кои на 21 беше во стартната петорка. Претходно, две години играше во Германија и тоа за екипите на Мителдојчер со просек од 13 поени и 4,6 скока како и за Телеком Бон, со просечна реализација на 13,7 поени со 3,8 скока.

Миќовиќ му се приклучува на Американецот Мајк Кафи, кој неодамна потпиша за тимот од „Јане Сандански“ и на неговиот сонародник Бре Ајви, кој има договор од минатата сезона.

Соработката неодамна ја продолжи и капитенот Дамјан Стојановски, а од минатата сезона под договор со сино-белите се Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев и тројцата младинци – Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.