четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје со неверојатна трета четвртина ја победи Цибона, сега на потег е Будуќност

МЗТ Скопје со неверојатна трета четвртина ја победи Цибона, сега на потег е Будуќност

МЗТ Скопје со 87-74 ја совлада екипата на Цибона во последниот меч од АБА лигата, за да ја избегне последната позиција потребено е утре Будуќност да го совлада Борац.

Македонскиот тим одигра неверојатна трета четвртина, тие десет минути ги доби со 30-5 и со голем пресврт стигна до убедлива победа која на крајот може да се покаже како клучна за опстанок.

Цибона беше подобра во првите две четвртини и на одморот отиде со предност од 12 поени разлика, беше 53-41 за хрватскиот тим.

Но во третиот период МЗТ Скопје не само што ја анулираше негативата, туку стигна до 13 поени предност кои ги задржа до крајот на мечот за победа од 87-74.

Кефи со 19 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, Бурсаќ постигна 17, Кук 15, Стојановски 14. Кај Цибона најефикасни беа Аранитовиќ и Љубичиќ со по 13 поени.

Сега погледите се вртат кон Црна Гора каде Будинќност утре од 19 часот ќе го пречека Борац. Црногорскиот тим е голем фаворит и доколку победи, МЗТ Скопје ќе избегне испаѓање од АБА лигата, ќе игра бараж за да остане во елитното натпреварување.