Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје од гостувањето кај Игокеа во рамките на деветото коло во АБА-лига се враќа со пораз од 96-90.
Избраниците на Александар Петровиќ одиграа добро во второто полувреме, се вратија од двоцифрена негатива, но не успеаја да го сторат најважното – да го освојат целиот плен.
„Сино-белите“ треба да жалат бидејќи паднаа во најважните моменти, нешто на што ќе морат да работат особено кога се дел од едно натпреварување како што е АБА-лига.
Кендрик Реј блесна во победничкиот табор со 35 поени, додека Мајк Кефи заврши со 21 во тимот на МЗТ Скопје