недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје со убедлив триумф ја отвори новата сезона

МЗТ Скопје со убедлив триумф ја отвори новата сезона

Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа убедлива победа над Кожув од 86:64 во првиот меч во новата сезона во машкиот кошаркарски шампионат.

„Штрковите“ одиграа силен меч во Гевгелија и со тоа испратија јасна порака дека немаат намера да се откажат од тронот во нашата кошарка. Уште по првите 10 минути МЗТ се стекна со двоцифрена предност (26-14), предност која дополнително беше зголемена до крајот на првиот дел (49-29) со што стана јасно кој ќе слави на овој дуел.

Ситуацијата не се промени и по паузата, фаворитот беше далеку подобар и дојде до триумф во кој најефикасен беше Танасковиќ со 17 поени, Баковиќ додаде 12, а двоцифрени беа уште Робев, Расел и Крстевски. Слејтер со 16 реализации беше прво име кај поразените.

Во вториот дуел Вардар го одбрни домашниот терен и славеше над Охрид со 90-83.