среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

МЗТ Скопје во АБА лигата со Ц.Звезда, Партизан и Будуќност во првите три кола

МЗТ Скопје во АБА лигата со Ц.Звезда, Партизан и Будуќност во првите три кола

Македонскиот кошаркарски шампион екипата на МЗТ Скопје оваа сезона се враќа во елитата на Јадранот. По освоеното второ место минатата сезона во АБА 2, „Штрковите“ повторно ќе ги одмерат силите со најсилните кошаркарски екипи од просторите на поранешна Југославија.

Денешната ждрепка одлучи МЗТ на отворањето на регионалната лига да и гостува на Црвена Звезда, додека првиот меч на домашен терен ќе одигра со Партизан, најтрофејниот тим во АБА.

Во третото коло МЗТ гостува кај Будуќност, уште еден претендент за висок пласман.

МЗТ за следната сезона ги обезбеди услугите на Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев од македонските репрезентативци, како и на Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, заедно со српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ.

Распоред на натпреварите од АБА лигата:

1. коло: Ц. Звезда – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

2. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Партизан

3. коло: Будуќност – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

4. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СЦ Дерби

5. коло: Цедевита Олимпија – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

6. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Морнар

7. коло: ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

8. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Мега

9. коло: Игокеа – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

10. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Борац

11. коло: Задар – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

12. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Сплит

13. коло: Цибона – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ