МЗТ Скопје Аеродром уверливо со дури 36 поени разлика, или 80:44, го порази актуелниот шампион Работнички во првиот од серијата финални натпревари.
Најуспешен кај „металците“ беше капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени, проследен од Магдевски со 13 поени, Иванов со 10, а Вудард, Симоновски и Самарџиски постигнаа по девет поени.
Кај Работнички, единствените кои едвај постигнаа двоцифрена бројка се Јаневски со 13 и Стајиќ со 12 поени.
Инаку, плеј оф натпреварите ќе се играат наизменично, така што следниот натпревар, ќе се игра на паркетот на актуелниот шампион Работнички по само три дена, а титулата годинава ќе ја добие тимот кој прв ќе забележи три триумфа. (МИА)