Грузија се соочи со огромен проблем во пресрет на европскиот шампионат што ќе стартува на 1 септември откако најдобриот кошаркар на оваа репрезентација, Торнике Шенгелија, заработи незгодна повреда на рамото на денешниот квалификациски дуел за СП против Холандија.
Шенгелија во болка го напушти теренот и повеќе не се врати во игра. До моментот на повредата тој беше најдобар поединец во дресот на Грузија со 20 постигнати поени (8/11 шут од поле).
Се очекува крилниот центар да го пропушти квалификацискиот дуел со Италија закажан за 27 август, а деталните лекарски прегледи ќе покажат дали има шанса Шенгелија да се рехабилитира навреме за настап на претстојниот европски шампионат.