Ламело Бол, доживеа повреда во најлош можен момент, непосредно пред стартот на НБА сезоната.
21-годишникот се повреди на претсезонскиот меч против Вашингтон.Се работи за повреда на скочниот зглоб, откако противнички играч ненамерно згазна на неговата нога.
Од Шарлот соопштија дека кошаркарот речиси сигурно нема да игра до крајот на подготовките и врз него ќе се прават додатни прегледи за да се утврди тежината на повредата.
Бол минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Хорнетси и во просек забележа 20,1 поен, 7,6 асистенции и 6,7 скока по натпревар