четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Најмладата држава на свет обезбеди место на Светското првенство во кошарка

Најмладата држава на свет обезбеди место на Светското првенство во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан испиша историја откако успеа да се пласира на Светското првенство во кошарка.

Јужен Судан стана независна држава во 2011 година и важи за најмлада држава во светот, а ова беа нивни први квалификации за едно првенство и веднаш успеаа да изборат место меѓу најдобрите на планетата.

Селекцијата на Јужен Судан е предводена од некогашниот НБА кошаркар Ројал Ајви, во решавачкиот меч славеше над Сенегал со 83:75, а херој на победничкиот тим беше поранешниот играч на МЗТ Скопје Аеродром, Нуни Омот. Кошаркарот кој игра на позиција ниско крило успеа да постигне 26 поени и беше вистински лидер до историскиот успех на Јужен Судан, кој претпладнево го победи и ДР Конго убедливо со 82:61, па по 11 кола има биланс од 10 победи и само еден пораз.

Светското првенство во кошарка ќе се игра следното лето во Јапонија, Индонезија и Филипини. Од Африка сигурен патник освен Јужен Судан се селекциите на Брегот на Слоновата Коска и Египет.