недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Најпознатиот колеџ тренер заминува во пензија

Најпознатиот колеџ тренер заминува во пензија

Еден од најдобрите американски тренери, Мајк Крижевски одлучи да замине во пензија, пренесуваат медиумите во САД.

Легендарниот тренер следната сезона за последен пат ќе го води колеџот, Дјук со кој досега има освоено пет НЦАА титули.

Вкупно во колеџ кошарката има забележано вкупно 1 170 победи со што е рекордер. Има вкупно 12 настапи на Ф4 турнирите, а неговите екипи имаат поминато рекордни 126 недели на првото место на НЦАА рангирањето.

Како селектор на САД освои три олимписки злата и две титули на светските шампионати.