36-годишната кошаркарка од Србија, Милица Дабовиќ крена голема прашина со последниот потег кој го направи, а се работи за продолжување на нејзината спортска кариера. Таа бидејќи не доби понуда од никој клуб во нејзината држава, реши да направи трансфер во клуб во Албанија.
На реакциите од нејзината држава, таа сепак објасни дека за неа спортот нема граници, но и дека ако имало клуб заинтересиран за нејзините услуги, би потпишала без размислување.
– Откако останав бремена и ми се роди мојот Стефан, морав да направам пауза. Сега откако решив повторно да се вратам на терените, немаше клуб од Србија кој ќе ме ангажира. Сепак благодарение на најдобриот албански тим, Фљамуртари, потпишав договор и сум премногу среќна што повторно ќе се вратам на кошаркарските терени, – изјави Дабовиќ.
Инаку пред две години кошаркарката ја крена целата балканска јавност откако беше претепана од своето тогашно момче.